Клими за „Сината сала“ и реконструкција на покривот на зградата на Општина Виница
- Општина Виница неделава започна со реализација на два нови проекти. Се поставуваат инвертер клими за затоплување и ладење на „Сината сала“ и се демонтираат соларните панели на покривот на административната зграда на Општината, по што ќе започне негова комплетна реконстреукција.
Виница, 18 декември (МИА) - Општина Виница неделава започна со реализација на два нови проекти. Се поставуваат инвертер клими за затоплување и ладење на „Сината сала“ и се демонтираат соларните панели на покривот на административната зграда на Општината, по што ќе започне негова комплетна реконстреукција.
- Ќе се изврши целосна реконструкција на кровот, на кој повеќепати само делумно се работеше и многу често на одредени места протекуваше.Истовремено ќе биде довршена фасадата на административната зграда, односно ќе се изврши обработка на недовршениот бетонски кровен парапе, најави градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. ис/са/
Фото: МИА