• сабота, 23 ноември 2024

Кичевски го претстави извештајот на ПОЦ за реализираните активности и инвестиции во текот на неговиот мандат

Кичевски го претстави извештајот на ПОЦ за реализираните активности и инвестиции во текот на неговиот мандат
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Директорот на заминување на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски, го претстави извештајот за реализираните активности и капиталните инвестиции за време на неговото раководство. Во соопштението на ЈП ПОЦ се вели дека ЈП Паркинзи на Општина Центар е првото претпријатие во земјата кое целосно се дигитализираше преку воведување нова веб платформа и мобилна апликација, преку која жителите на Општина Центар би можеле брзо и едноставно да ги користат услугите на претпријатието по електронски пат, како и да ги пријавуваат сите комунални проблеми во општината со цел да се решат брзо и навремено. -Во 2020 година, го воведовме светскиот тренд во рециклирањето преку проектот „И отпадот има вредност!“ и постави 25 повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки со цел да ги мотивира жителите да се вклучат во одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање кој е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината, се вели во соопштението. Меѓу активностите и капиталните инвестиции се наведува и кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“, воведувањето на мрежен систем за автоматска наплата на затворените паркиралишта, проектот „Паркирај совесно“ за едукација на учениците од средните училишта, кампања насочена кон подигање на свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби, и кампањата за подигање на јавната свест „Центар не е паркинг!“ за подигање на свеста на граѓаните за користење на алтернативни средства за патување освен автомобили како и за намалување на загадувањето на животната средина. сх/сст/

Остани поврзан