• понеделник, 23 декември 2024

Китиното Кале повторно магнет за граѓаните на Кичево

Китиното Кале повторно магнет за граѓаните на Кичево
Кичево, 28 март 2021 (МИА) - Со проектот за реконструкција на Китиното Кале, кој се уште е во тек, овој локалитет во центарот на Кичево, стана повторно привлечен за неговите жители и безмалкиу секој ден посетите се многубројни и сите со љубопитство ги следат промените на калето. - Речиси сум заборавил од кога во калето не сум сретнал толку многу сограѓани во едно претпладне како денеска. Гледам многу млади, родители со деца и постари сограѓани, како се шетаат низ калето и со големо љубопитство ги посматраат промените кои ги претрпе со проектот за негова реконструкција која сеуште е во тек. Ова што се гради е добра работа, но уште поважно ќе биде сите новосоздадени содржини да останат во добра кондиција што подолг период, бидејќи само така калето ќе биде привлечно како за нас локалните жители, така и за нашите гости-вели Влатко Сајкоски, жител од блиската населба на калето. Повеќемина сограѓани оваа ревитализација по многу нешто ја споредуваат со парковските решенија во западно европските земји, но разликата е во едно што таму се што е изградено се чува од неговите жители да им служи што подолго на нив. - Сум посетил многу развиени земји во Европа каде сум прошетал по вакви и слични локалитети и просто сум воодушевен од желбата на тамошните жители да го одржуваат во што подобра кондиција она што е изградено. Би сакал со овој пример да порачам и нашите сограѓани да го чуваат она што е изградено, бидејќи убавото кале е препознатливото место на Кичево и локалитет на многу дружби,прошетки и познанства, порача Емин Е. постар жител на градот. за/сп/

Остани поврзан