• понеделник, 23 декември 2024

Кисела Вода ќе спроведе серија еко-проекти во соработка со „Гоу грин“ и „РЕДИ Рециклажа“

Кисела Вода ќе спроведе серија еко-проекти во соработка со „Гоу грин“ и „РЕДИ Рециклажа“

Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Поддршка на младинските еко-политики преку реализирање на низа еколошки проекти беше договорено на средбата помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Здружението „Гоу Грин“ и Друштвото за управување и собирање на отпад „РЕДИ Рециклажа“.

Како што информираат од Општината, на состанокот, здруженијата биле информирани за досега реализираните активности во областа на екологијата и заштитата на животната средина. - Градоначалникот им ги претстави планските насоки на неговото работење и проектите кои веќе течат, како што се чистење на големите депонии и изградба на самоодржливи паркови на нивно место, енергетската обнова на училишните објекти и други проекти кои се во завршна фаза, наведуваат во соопштението. Дополнуваат дека со раководствата на двете здруженија се дискутирало околу наредните чекори и бил договорен заеднички пристап во комуникацијата и едукацијата на граѓаните за подигнување на свеста околу еколошките прашања, како и за третманот на отпадот, за што со Друштвото за управување и собирање на отпад „РЕДИ Рециклажа“ бил потпишан и Меморандум за соработка. ар/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан