• петок, 22 ноември 2024

Кинеските авиокомпании нудат авионски билети и за четири долари

Кинеските авиокомпании нудат авионски билети и за четири долари
Шангај, 27 февруари 2020 (МИА) - Во Кина во просек дневно во февруари се откажуваат по околу 10.000 домашни летови, како резултат на епидемијата на новиот коронавирус и за повторно да се зголеми домашната побарувачка, кинеските авиокомпании нудат екстремно ниски цени на авионски карти. За дестинации оддалечени по 1.500 километри билетите чинат по 20 американски долари, додека ниско-тарифните компании нудат и за помалку од четири американски долари. Странските агенции како за споредба посочуваат дека едно кафе во „Старбакс“, најпопуларното место за пиење кафе во Кина, чини четири и пол американски долари, што значи поскапо од авионски билет. За време на февруари откажани се две третини од планираните летови, а кинеските аналитичари напоменуваат дека компаниите во овој момент само сакаат да го стабилизираат домашното производство и да ја вратат довербата на патниците. Според нив, за време на овогодишните празници дневен промет за цела Кина имаше пад од 75 отсто во однос на минатата година. Водечкиот хонгконгшки авио-превозник „Чатај Пацифик“ на неплатено отсуство пушти 25.000 од вкупно 33.000 вработени, по откажување на 60 отсто од летовите. паг/

Остани поврзан