• сабота, 12 октомври 2024

Кинеската фудбалска федерација наметна доживотна забрана за 38 играчи вклучени во местење натпревари и спортско обложување

Кинеската фудбалска федерација наметна доживотна забрана за 38 играчи вклучени во местење натпревари и спортско обложување

Пекинг, 10 септември 2024 (МИА) - Кинеската фудбалска федерација воведе доживотна забрана за активности поврзани со фудбалот на 38 играчи вклучени во местење натпревари и спортско обложување. Истите санкции беа наметнати и на пет челници на кинески клубови.

Доживотна суспензија добија голем број поранешни кинески репрезентативци, како и еден репрезентативец на Република Кореја кој играше во кинеската лига. Покрај тоа, 15 играчи и двајца менаџери на клубови добија по пет години суспензија за било каква фудбалска активност.

Истрагата е во тек од 2022 година и опфатила 120 натпревари и 41 клуб, јавуваат светските агенции.

Во август се дозна дека поранешниот член на кинеската фудбалска асоцијација Хуанг Сун беше прогласен за виновен за примање мито и осуден на 7 години затвор, а поранешниот потпретседател Јуји Ли доби 11 години затвор од истите причини.

Во март, поранешниот претседател на фудбалската асоцијација, Чен Џујуан, беше осуден на доживотен затвор за коруптивни постапки. дс

Фото: Архива

Остани поврзан