• петок, 27 февруари 2026

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Пекинг, 6 февруари 2026 (МИА) - Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување („Нов старт“) меѓу САД и Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

„Тоа е исто така заедничко очекување на меѓународната заедница“, рече Лин на редовната прес-конференција.

На прашање да го коментира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за развој на нов, унапреден и долгорочен договор за стратешко вооружување со Русија, наместо продолжување на договорот „Нов старт“, кој истече вчера, Лин рече дека кинеската страна не е запознаена со деталите на тој предлог. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан