• четврток, 04 декември 2025

Кина ги осуди протекционистичките мерки и повика на глобална соработка

Кина ги осуди протекционистичките мерки и повика на глобална соработка

Њујорк, 26 септември 2025 (МИА) - Кина е уверена во својата способност да одржи стабилен економски раст и да придонесе за глобалниот развој, изјави денеска кинескиот премиер Ли Чијанг на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Ли остро ги критикуваше едностраните мерки и протекционистичките политики, како што е воведувањето царини, нагласувајќи дека тие придонесуваат за забавување на глобалната економија.

Тој повика на поинтензивна меѓународна соработка и ја претстави Кина како „одговорен учесник“ во справувањето со глобалните предизвици, истакнувајќи дека земјата останува посветена на идејата за зелен развој. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан