• петок, 22 ноември 2024

Ким Кардашијан претстави своја линија маски за лице

Ким Кардашијан претстави своја линија маски за лице
Лос Анџелес, 19 мај 2020 (МИА) - Ѕвездата од реалните шоуа, Ким Кардашијан пушти во продажба своја линија маски за лице, коишто беа распродадени во рекордно време. Според западните медиуми, маските се немедицински. Тие се провидни и растегливи, дизајнирани за носење преку целиот ден и наменети се за повеќекратна употреба. Кардашијан  на својот Твитер-профил, само неколку часа по објавата на новиот производ, соопшти дека колекцијата е распродадена. - Работиме со партнер од Лос Анџелес, за побрзо да се произведат нови маски, додава таа во објавата.  си/ми/

Остани поврзан