• понеделник, 13 мај 2024

Ким Кардашијан во 12. сезона од „Американска хорор-приказна“

Ким Кардашијан во 12. сезона од „Американска хорор-приказна“

Лос Анџелес, 11 април 2023 (МИА) - Ким Кардашијан ќе глуми во 12-та сезона на ТВ-серијата „Американска хорор-приказна“ (American Horror Story, AHS). Ова за „Холивуд репортер“ го потврди режисерот Рајан Марфи.

- Ким е една од најголемите ѕвезди на телевизијата. Возбудени сме што можеме да ѝ посакаме добредојде. Возбудени сме што работиме заедно, а Ким има посебна улога на ум... Оваа сезона е сосема поинаква од сѐ што сме правеле досега, изјави Марфи.

Ким на Инстаграм објави трејлер за серијата со морничава музика и натпис: „AHS12. Ема Робертс и Ким Кардашијан се нежни. Ова лето“.

Обожавателите коментираат дека се изненадени што таа ќе глуми во серијата, но и оти едвај чекаат да видат како тоа ќе изгледа. Ѕвездата од реалните шоуа и Марфи, според наводите, разговарале за соработка уште минатото лето, но сите подробности засега се чуваат во тајност.  си/сд/

Фото: ИМДБ.

Остани поврзан