• петок, 20 декември 2024

Киелини се врати во Јувентус: Менаџерско столче за поранешниот ас

Киелини се врати во Јувентус: Менаџерско столче за поранешниот ас

Торино, 15 септември 2024 (МИА) - Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Џорџо Киелини е назначен за менаџер на Јувентус, кој ќе биде задолжен за односите со националните и меѓународните институции, соопшти денеска клубот од Торино.

Во соопштението за медиумите од Јувентус се наведува дека Киелини утре и официјално ќе ја преземе функцијата во торинскиот клуб.

- Киелини никогаш целосно не ги напушти „бјанконерите“ - неговото срце, душа и вредности секогаш беа поврзани со клубот, и на теренот и надвор од него. Од 16 септември тој ќе ја извршува функцијата шеф за односи со фудбалските институции. Џорџо ќе му одговора на генералниот директор Маурицио Сканавина и ќе го претставува клубот во неговата нова менаџерска функција, се вели, меѓу другото, во соопштението на Јувентус.

Киелини (40) играше за Јувентус од 2004 до 2022 година. Покрај Јувентус, тој беше член на Ливорно, Рома, Фиорентина и Лос Анџелес, а играчката кариера ја заврши во 2023 година.

За италијанската репрезентација одигра 117 натпревари од 2004 до 2022 година и постигна осум гола. дс

Фото: Архива

Остани поврзан