• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Киев тврди дека руските војници егзекутирале четворица заробени украински војници 

Киев тврди дека руските војници егзекутирале четворица заробени украински војници 

Киев, 11 април 2025 (МИА) - Властите во Киев вчера соопштија дека го истражуваат наводното убиство на четворицата заробени украински војници од страна на руските сили, јави ДПА. 

Дмитро Лубинец, комесар за човекови права на украинскиот Парламент, рече дека се верува дека убиството на воените заробеници се случило во март во јужното украинско село Пјатихатки. 

Како и во претходните вакви случаи, сомнежот се темели на видео кое кружи на социјалните мрежи. 

„Немаа оружје. Излегоа од уништената зграда со кренати раце, предавајќи се. Тие беа застрелани на лице место“, напиша Лубинец на Х. 

„Ова е јасно кршење на Женевската конвенција и тешко воено злосторство“, додаде тој, пренесен од германската агенција . 

Лубинец ќе го пријави случајот до Меѓународниот Црвен крст и Обединетите нации за истрага, напиша тој на Телеграм. 
  
Против руските сили постојано се упатуваат обвинувања за убиства на воени заробеници. Во интервјуто спроведено во средината на декември, Лубинец изјави дека бројот на потврдени случаи од почетокот на војната е 177, а бројот рапидно се зголемува, потсетува ДПА.сд/  

фото:МИА архива

Остани поврзан