• сабота, 16 ноември 2024

Кељот корисен за имунитетот

Кељот корисен за имунитетот

Лос Анџелес, 18 октомври 2022 (МИА) - Сезоната на грип е пред нас, па добрата вест е дека одредени видови зелјест зеленчук можат да помогнат во зајакнувањето на човековиот имунолошки систем.

- Зелјестиот зеленчук е исклучително општокорисен за телото бидејќи содржи витамини, минерали и други клучни хранливи материи. Сепак, тука би го издвоила кељот како храна којашто треба почесто да ја внесувате, вели нутриционистката Лорен Манакер за списанието „Ит дис, нот дет“ (Eat This, Not That). Таа тврди дека јадењето кељ е најкорисно бидејќи содржи две есенцијални состојки за зајакнување на имунолошкиот систем - витамините А и Ц. - Витаминот А е одличен и за одржување на здравјето на кожата. Како најголем орган на човечкото тело, а со помош на овој витамин, кожата ќе стане доволно силна за да ве заштити од влијанија што можат да доведат до болести, како бактерии и хемикалии. Тој е добар и за варењето... Кељот може да се подготви и на брз начин, така што се додава во смути, или пак, со динстање со маслиново масло и кромид, појасни Манакер. Според наводите, витаминот Ц го стимулира лачењето антитела што телото ги користи за одбрана од вируси и бактерии.  си/

Остани поврзан