• понеделник, 13 мај 2024

Кер: По тренинг-кампот ќе се знае дали Пол ќе биде во почетната петорка

Кер: По тренинг-кампот ќе се знае дали Пол ќе биде во почетната петорка

Сан Франциско, 23 јули 2023 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, изјави дека одлуката за изгелдот на стартниот состав и дали во него ќе биоде Крис Пол ќе биде донесена по тренинг-кампот.

 

- Дали Пол ќе биде во почетниот состав ќе се знае по тренинг кампот. Додека не ги пуштиме сите на паркетот, нема да можеме да процениме што е најдобро за нашиот тим и како ќе тој ќе изгледа. Но, јас сум исклучително уверен дека ќе успееме. Имаме одлични момци, шампиони, подготвени да се бориме до крај. Следната година имаме една цел - да бидеме прваци. Сè друго ќе биде решено тековно, како што ќе напредува сезоната, рече Кер во интервју за „Mercury News“.

 

Претходно се дозна дека Пол очекува да биде во стартната петорка. зс/

Остани поврзан