Кер им се извини на навивачите за квалитетот на кошарката во второто полувреме од мечот со Мемфис
- Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер го смета недостоен квалитетот на кошарката во второто полувреме од мечот со Мемфис (123:118) одигран ноќта петок кон сабота.

Сан Франциско, 16 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер го смета недостоен квалитетот на кошарката во второто полувреме од мечот со Мемфис (123:118) одигран ноќта петок кон сабота.
По три четвртини Вориорс водеа со 15 поени разлика. Во последните 12 минути Кер доби техничка, Дрејмонд Грин беше исклучен поради два приговора.
- Последната четвртина и целото второ полувреме беа одвратни. Жал ми е за нашите фанови кои мораа да го гледаат ова. Гледајќи што се случи на теренот, призна Кер.
Севкупно, двата тима изведоа 58 слободни фрлања и направија 49 прекршоци.
Со биланс 10-2 (победи-порази) Голден Стејт вориорс се на 2. место во Западната конференција од НБА-лигата. зс/
Фото: ЕПА