• петок, 15 ноември 2024

Кајак кану клубот „Арка - Борец“ од Велес на средба со градоначалникот Колев

Кајак кану клубот „Арка - Борец“ од Велес на средба со градоначалникот Колев
Велес 11 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев  вчера  се сретна со претседателот на Кајак кану клуб „Арка-Борец“ од Велес, Љубомир Спасиќ заедно со дел од членовите на овој клуб, информираат денеска од општината. Тие појаснуваат дека Кајак кану клубот „Арка-Борец“ Велес во категорија кајак на диви води, сениорска конкуренција – дисциплина спуст ги освои првите три места во генерален пласман на Европа за 2021 година што е голем успех за велешкиот спорт. Истовремено се разговараше за претстојните планови за нови кајак патеки, како и реалните проблеми кои ги засегаат сите кајакарски и спортски клубови во Велес. Градоначалникот Колев најави поддршка за сите спортски клубови во Велес. Тој најави воведување на јасни и прецизни критериуми за поддршка на спортски клубови, а  по основа на остварени спортски резултати. ад/зс/

Остани поврзан