• недела, 22 декември 2024

Катарскиот емир Ал-Тани: Во регионот се случува „колективен геноцид“

Катарскиот емир Ал-Тани: Во регионот се случува „колективен геноцид“

Доха, 3 октомври 2024 (МИА) - Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал-Тани тврди дека кризата на Блискиот Исток е „колективен геноцид“ и дека неговата земја секогаш предупредувала за „неказнивост“ на Израел.

– Стана кристално јасно дека она што се случува е геноцид, заедно со претворање на Појасот Газа во област непогодна за човечки живот, како подготовка за раселување, рече тој за време на самитот на азискиот дијалог за соработка во Доха.

Катарскиот емир ги осуди и израелските воздушни напади и воените операции „против братската Либанска Република“.

Израел силно се противи на обвинувањата дека врши геноцид во Газа, каде што започна напад пред една година откако милитантите на Хамас нападнаа градови во јужен Израел, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи како заложници повеќе од 250 граѓани.

Повеќе од 41.500 жители на Газа беа убиени за време на израелскиот напад, според здравствените власти на територијата под контрола на Хамас.

Оваа недела, Израел почна копнена инвазија на Либан во борба против либанското движење Хезболах, поддржано од Иран. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан