• сабота, 23 ноември 2024

Кастрење на стеблата на кичевските улици

Кастрење на стеблата на кичевските улици
Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) - Нешто порано од вообичаеното, вработените во ЈКП„ Комуналец“ Кичево, деновиве извршија кастрење на стеблата, што пред подолг период се засадени крај сообраќајниците во градот. Со овој зафат придобивките за градот се многукратни, бидејќи гранките нема да бидат пречка пешаците непречено да се движат, а самите стебла со редовното и стручно кастрење добиваат поубава форма, со што ќе ја задоволат и естетската компонента.

-Изминативе десетина дена сме целосно фокусирани на кастрење на уличните стебла. Овој зафат го чиниме во вистинско време, и многу порано пред почетокот на пролетта, кога овие стебла ќе зазеленат, а работата ќе биде целосно завршена. Со овој зафат ќе им го олесниме движењето на граѓаните на тротоарите, без притоа да водат сметка дали некоја гранка може да ги удри и по глава. Исто така, ќе овозможиме високите гранки да не му пречат на јавното осветление и ништо помалку важно е тоа што, стеблата во периодот на вегетација ќе добијат убава крошна, со што ќе биде задоволена и естетската страна на овој зафат. На стеблата кои се засадени во поново време, ќе им бидат искастрени единствено пониските гранки, кои се пречка за нормалното движење на граѓаните по тротоарите и уште отсега на овие стебла ќе им ја создадеме посакуваната форма, истакна Зенел Јонузи, директор на ЈКП „Комуналец“ Кичево.

Кичево допрва ќе биде зелен град, кога ќе пораснат младите стебла засадени на улиците„ Гоце Делчев“,„Мирко Милески“,„Борис Кидрич“ и на дел од улицата„ 11Септември“, изминатите две години.за/свс/

Остани поврзан