• четврток, 19 декември 2024

Касами: БЕСА работи на формирање трипартитна коалиција, но подготвени сме и самостојно да излеземе на избори

Касами: БЕСА работи на формирање трипартитна коалиција, но подготвени сме и самостојно да излеземе на избори
Кичево, 25 јануари 2020 (МИА) - Движењето БЕСА во рами на кампањата за претставување на нивната платформа, вечерва имаше средба со нивните членови и граѓани на Општина Кичево, во малата сала на Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин". На собирот приуствуваа највисоките претставници на БЕСА, предводени од претседателот Биљал Касами, како и локалните преставници на оваа партија во Кичево. Касами на својот говор пред присутните граѓани истакна дека како партија во моментот работат на надградба на принципите како што се еднаквост, економија, стабилност и иднина, кои ќе бидат столбови на идната платформата на Движењето БЕСА со кои ќе формираат партиска програма која ќе биде основа во преговорите за формирање на идната влада. Касами посочи дека продолжуваат да работат на формирање опозициски блок. - Остануваме посветени на формирање трипартитната коалиција со која ќе го поразиме убедливо ДУИ, но ние како партија сме исто така подготвени да излеземе и самостојно на престојните изборите ако евентуално не се формира коалицијата, истакна Биљал Касами.рз/са/

Остани поврзан