• недела, 22 декември 2024

Касами: Имаме разговарано со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата

Касами: Имаме разговарано со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

-Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.

-Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Северна Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција, рече  рече Касами. фф/ац/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан