• понеделник, 23 декември 2024

Карбинци продаде четири градежни парцели

Карбинци продаде четири градежни парцели

Штип, 19 јануари 2021 (МИА) - Општина Карбинци продаде четири градежни парцели со површина од 54.000 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека за овие четири парцели постигната е цена од 17.500.000 денари. Новите сопственици парцелите ќе ги наменат за изградба на фотоволтаични централи и за индустрсики капацитети.

-Ова е веќе трети повик, а досега отуѓивме некаде околу осум градежни парцели, вели Насев.

Тој истакна дека Општина Карбинци е атрактивна општина за инвеститорите, бидејќи им се нудат поволни услови.

-Со една позитивна клима допринесовме да привлечеме се повеќе инвеститори на Општина Карбинци. Мерките коишто ги презимаме е да Советот ги ослободува од комуналии, односно во еден дел да бидат ослободени. Дополнително е што на териорија на Општина Карбинци имаме квалификувана работна сила, која што се наоѓа да работи во овие погони. Дополнително ние инвестираме во инфраструктура, водовод, канализација, пристапни улици, вели Насев.

Карбинци веќе подготвува нова индустриска зона од 200.000 м/2. вдј/дма/

Остани поврзан