• петок, 05 декември 2025

Каратистот Павловски на средба со градоначалникот на Крива Паланка

Каратистот Павловски на средба со градоначалникот на Крива Паланка

Крива Паланка, 31 јануари 2023 (МИА) - Петнаесетгодишниот каратист од клубот „Шампион“,  од Крива Паланка е дел од македонската репрезентацијата што ќе настапи на претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, во Ларнака, Кипар.

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, му посака успех на Павловски и пред заминувањето на Европското првенство го прими во својот кабинет младиот карате-репрезентативец, новата спортска гордост на градот, заедно со тренерите Жарко Ангеловски и Стевче Христовски.

Ова е прв официјален настап на Европско првенство за Павловски кој ќе настапи во категорија +70 килограми.

- Посакувам успешно и достојно претставување на општината и државата како дел од репрезентацијата што од 3 до 5 февруари ќе ги брани боите на Северна Македонија во конкуренција на најдобрите млади карате-ѕвезди од цела Европа, рече градоначалникот Митовски, истакнувајќи дека и тој и општината се гордеат со сите млади талентирани спортисти кои се вистински амбасадори на градот и државата.

Павловски избори пласман на претстојното Европско првенство на одржаните изборно и плеј-оф државно првенство во организација на Карате федерацијата на Македонија на крајот од минатата година на кое учествуваа 48 клубови со 220 пријавени натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Од Карате клуб „Шампион“, Крива Паланка потекнуваат бројни млади карате таленти, меѓу кои и петкратниот државен шампион Вукашин Јовановиќ и репрезентативците Јована Мицовска и Христијан Димитријевски. ид/зс/

Остани поврзан