• петок, 05 декември 2025

Кандидатот за градоначалник Петар Ружински ја претстави изборната програма за Берово

Кандидатот за градоначалник Петар Ружински ја претстави изборната програма за Берово

Берово, 2 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата „Твоја Македонија" на претстојните локални избори 2025, Петар Ружински, денеска ја претстави својата комплетна изборна програма, којашто ја нарече „визија преточена во дела“.

-Ова не е само листа на ветувања, ова е детален план со конкретни проекти, рокови и решенија за секое населено место. Програмата е договор што го склучуваме со граѓаните, истакна Ружински.

Во програмата се најавени инвестиции во инфраструктура, подобрување на патната и водоводната мрежа, развој на локалната економија и туризмот, како и мерки за младите и руралните средини.

-Со гордост ја претставувам нашата програма и ги поканувам граѓаните да ја разгледаат, за да се уверат во нашата посветеност, додаде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија" Петар Ружински. вс/вг/

Фото: Петар Ружински

Остани поврзан