• среда, 24 јули 2024

Кандидатот за градоначалник на Карпош на ВМРО-ДПМНЕ ветува два нови паркови за миленици

Кандидатот за градоначалник на Карпош на ВМРО-ДПМНЕ ветува два нови паркови за миленици
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски, денеска промовираше проект за изградба на два нови паркови за миленици во Карпош. Во консултација со граѓаните, активистите и здруженијата за заштита на правата на животните, тој понуди неколку идеи кои се дел од неговата програма - системско решение за подигнување на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, заедничко организирање настани за љубители на миленици во општина Карпош и акции за вдомување на миленици. Порача дека милениците играат улога на социјални помагачи, позитивно влијаат на психофизичкто здравје, се користат како терапија за многу специфични болести, го намалуваат стресот, а пред сè даваат многу љубов. Токму затоа согласно барањата на граѓаните и здруженијата освен горе наброените, како што наведува тој, ќе се преземат уште многу други и активности. нд/бак/

Остани поврзан