Кандидатот за градоначалик на Македонска Каменица од СДСМ и коалицијата Соња Стаменкова на средба со спортисти и спортски работници
- Кандидатот за градоначалик на Македонска Каменица од СДСМ и коалицијата Соња Стаменкова денеска на средба со спортисти и спортски работници ги разгледа можностите за подобрување на условите з
Македонска Каменица, 30 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалик на Македонска Каменица од СДСМ и коалицијата Соња Стаменкова денеска на средба со спортисти и спортски работници ги разгледа можностите за подобрување на условите за нивно нормално функционирање.
На оваа средба, како што потенцира Стаменкова, било разговарано и за постигнатите спортски успеси и резултати.
- Во изминатите четири години локалната самоуправа на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, вложи многу во изградба на спортските терени. Со зголемената поддршка на спортот и на спортските активности успеавме Македонска Каменица да ја ставиме на мапата на шампионски градови, рече Стаменкова.
Во наредниот период најави продолжување со градење инфрастриктура во делот на изградба на нови терени и нови модерни спортски игралишта.
- Препознаени како најдоброто за општина Македонска Каменица, остануваме посветени на спортот и правилниот развој, додаде кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата. вс/цр