• понеделник, 23 декември 2024

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца

Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета на домородните деца
Отава, 5 јануари 2021 (МИА) - Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари отштета за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош. Договорот прредвидува  20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат до јавните услуги. Дополнителни 20 милијарди канадски долари се наменети за реформи за социјалната заштита во следните пет години. Договорот за компензација е постигнат речиси 15 години откако Здружението на канадски староседелци поднесе тужба поради кршење на човековите права. Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но постојано одбива да плати компензација и да ги финансира реформите. Ова е најголем финансиски договор од ваков вид во канадската историја, а конечниот договор мора да биде финализиран до 31 март оваа година. ми/

Остани поврзан