• петок, 05 декември 2025

Кампања на грчката Влада за летен одмор без сообраќајни несреќи

Кампања на грчката Влада за летен одмор без сообраќајни несреќи

Атина, 5 август 2025 (МИА) – Го менуваме однесувањето. Возиме безбедно, е пораката во видеото на грчката Влада за безбедност во сообраќајот за време на летниот период и летните одмори, со оглед на тоа што според статистиката, секое лето, над две лица дневно ги губат нивните животи на асфалтот, јави дописничката на МИА од Атина.

Видеото има за цел подигање на свеста за безбедноста на патиштата за време на летните одмори, бидејќи тогаш се регистрираат повеќето сообраќајни несреќи со трагични последици.

-Грчките острови се убави. Но, не толку убави за да биде последното нешто што ќе го видиш во твојот живот. Секое лето, над две лица дневно ги губат нивните живот на асфалтот. Го менуваме однесувањето. Возиме безбедно, порачуваат од грчката Влада преку видеото. ср/рп/

Фото/ Видео: Грчка Влада

Остани поврзан