• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Мадрид, 24 април 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга и дефанзивецот Давид Алаба нема да играат во финалето на Купот на Кралот против Барселона.

-Камавинга и Давид Алаба имаат мускулни повреди. Никој не очекува и двајцата да бидат подготвени за натпреварот против Барселона, објави тренерот на „Кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Тој исто така истакна дека дефанзивецот Ферланд Менди нема да може да му помогне на тимот од Мадрид.

Финалето на Копа дел Реј 2025 година помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи во сабота на 26 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан