Калвин Баси му се приклучи на Ајакс
- Фудбалскиот клуб Ренџерс потврди дека Калвин Баси му се приклучи на Ајакс во договор кој е најголем во историјата на клубот.

Глазгов, 20 јули 2022 (МИА) - Фудбалскиот клуб Ренџерс потврди дека Калвин Баси му се приклучи на Ајакс во договор кој е најголем во историјата на клубот.
Клубот од Амстердам ќе плати 23 милиони фунти на шкотските Ренџери за правата на нигерискиот државјанин.
Дваесет и две годишниот дефанзивец беше купен како замена за Лисандро Мартинез, кој замина во Манчестер Јунајтед.
Баси премина од Лестер во Ренџерс во 2020 година. ар/цр