• понеделник, 23 декември 2024

Казни за 40 граѓани на Кичево за неносење заштитна маска

Казни за 40 граѓани на Кичево за неносење заштитна маска

Кичево, 14 март 2021 (МИА) - Изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 40 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето.

-На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување на заразната болест Ковид-19, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Тој потсети дека во изминатото деноноќие полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли врз 28 угостителски објекти во Кичево.

Без прекршување на полицискиот час во Кичево изминатата ноќ.

-Во Опшина Кичево  во периодот  од 22 до 5 часот наутро, нема регистрирано  прекршување на полицискиот час од страна на граѓаните, додава Димоски. за/ац/

Остани поврзан