• петок, 08 ноември 2024

Казнети 819 возачи за брзо возење на територијата на целата држава

Казнети 819 возачи за брзо возење на територијата на целата држава
Скопје, 5 март 2022 (МИА) – Вкупно 819 возачи се санкционирани во рамките на засилените акциски контроли што вчера ги спроведе Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив , како што информира МВР, 43 се движеле со брзина над 50 километри на час, а девет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 424 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 395 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. вј/

Остани поврзан