Казнети шест пијани возачи на товарни моторни возила и автобуси, на територија на СВР Битола
- Во текот на утринските часови во периодот од 04:30 до 07:00 часот на тероторијата на СВР Битола во спроведената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни вози

Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Во текот на утринските часови во периодот од 04:30 до 07:00 часот на тероторијата на СВР Битола во спроведената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол, казнети се шест возачи.
Како што информираа од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/аа/