• понеделник, 23 декември 2024

Казинс ќе ја продолжи кариерата во Хјустон

Казинс ќе ја продолжи кариерата во Хјустон
Хјустон, 24 ноември 2020 (МИА) - Центарот Демаркус Казинс ќе ја продолжи својата кариера во Хјустон, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија. Според изворот, 30-годишниот Американец потпишал негарантиран договор за период од една година. Казинс е четирикратен НБА-ол-стар и олимписки шампион со тимот на САД. Минатото лето, кошаркарот потпиша договор со Лејкерси, но беше избркан од тимот во февруари 2020 година, бидејќи немаше одиграно ниту еден натпревар за Лејкерс поради повреда на коленото. зс/

Остани поврзан