• понеделник, 23 декември 2024

Каде на летување годинава?

Каде на летување годинава?
Сараево, 29 јануари 2021 (МИА) - Пандемијата наруши голем број планови за патувања и одмори минатата 2020 година, а многумина сметаат дека е бесмислено да се планираат посети на други земји дури и сега. Но, тоа не е случај. Босанскиот блогер Роберт Дацешин, кој има своја интернет-страница за патувања, има неколку совети, покрај вообичаените соседни Хрватска, Грција (со ПЦР-тест), Црна Гора, Албанија (без ПЦР-тест)... Без ПЦР-тест може да се патува и на Јамајка. „Со негативен ПЦР-тест, може да отидете во Африка, Јужна Америка, Средна Америка, Карибите, Азија... На пример, Египет, Турција и Занзибар беа многу популарни во минатото. Тие се одлични дестинации. Мислам, кога ќе можете да ги посетите пирамидите освен оваа година? ...Со толку малку туристи околу вас? Исто така, летовите до Кападокија никогаш не биле поевтини - во мигов чинат околу 70 евра, а до неодамна чинеа и до 200 евра!“, пишува Дацешин. https://youtu.be/q80yQXy12dk Дацешин вели дека неодамна го посетил Пакистан и истакнува дека при патувањето бил убеден дека повеќето работи што ги слушнал за оваа земја не се точни: „Сè што сте слушнале за Пакистан - колку е небезбедно и така натаму - не е точно. Билетот чинеше 300 евра". Исто така, вреди да се напомни дека цените на хотелите и сместувањето преку ЕрБНБ се многу пониски поради корона-пандемијата, што е исто така, едно олеснување.  си/

Остани поврзан