• четврток, 14 ноември 2024

Кадетите наградени со 700.000 денари за триумфот на ЕХФ-шампионатот

Кадетите наградени со 700.000 денари за триумфот на ЕХФ-шампионатот
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) – Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го усвои на денешната седница предлогот на претседателот Живко Мукаетов за доделување парична награда во износ од 700.000 денари за членовите и стручниот штаб на кадетската репрезентација за освоеното прво место на ЕХФ-шампионатот во Рига. Со триумфот на завршниот турнир во Рига македонската ракометната кадетска репрезентација, воедно, обезбеди директен настап на Светското првенство 2023 и Европското првенство 2024 година. Управниот одбор го усвои и предлогот истакнатиот ракометен работник Драган Начевски да биде предложен за добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело и исклучителен придонес во спортот. ег/дма/

Остани поврзан