• понеделник, 01 јули 2024

Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната крај реката Луда Мара

Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната крај реката Луда Мара
Кавадарци, 19 март 2021 (МИА) - Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната покрај кејот на реката Луда Мара, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Триесет и осумгодишниот кавадарчанец пронаоѓањето на неексплодираната граната од Прва светска војна, го пријавил во текот на вчерашниот ден. Како што појасни Додевски, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување - Кавадарци,  утврдил дека се работи за неексплодирана артилериска граната (калибар 75 милиметри) од Првата  светска војна и таа била подигната за понатамошна постапка. свд/вј/

Остани поврзан