• петок, 05 декември 2025

Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче

Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче

Кавадарци, 18 септември 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 19:20 часот во ОВР - Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче - домашен миленик на И.М., на возраст од 62 години од Кавадарци, појаснија од СВР - Велес. 

Пушката била одземена и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан