Кавадарчанец возел со 1.62 промили алкохол во крвта
- Кавадарчанец возел со 1.62 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Кавадарци, 27 ноември 2025 (МИА) - Кавадарчанец возел со 1.62 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 23:50 часот, на улица „Западен Булевар“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Л.П., 55-годишен кавадарчанец, затоа што при контрола на патниот сообраќај, констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол - односно му биле измерени 1.62 промили алкохол во крвта, појаснија оттаму.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/бд/
Фото: МИА архива