• понеделник, 23 декември 2024

И Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на коридорите

И Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на коридорите

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - И политичката партија Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на Коридоте 8 и 10д, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на партијата Борислав Крмов. Посочи дека не може да ја открие бројката на амандмани кои ќе ги поднесат оти, како што рече, нивниот правен сектор работи на подготвувањето на амандманите.

-По наши информации ќе се обидат да ни ги узурпираат амандманите со тоа што планираме да ги поднесеме и да ја туркаат говорницата на сила, може ќе пробаат да ни одземат збор иако деловнички не смеат. Јас моето уставно право како пратеник ќе го бранам макар и физички. Не би сакал бројката да ја откријам. Во моментов уште се работи на случајот. Нашиот правен сектор во моментов работи, кога ќе бидат сите амандмани готови јас ќе ви дадам информација, рече Крмов.

Крмов рече дека Владата сака да протне 60 часа работна недела откако Уставен Суд ја укина одредбата.

- Денес на комисиска расправа се ставени скандалозните предлог-измените на Законот со работни односи, со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат и до 60 часа неделно. Овој предлог-закон е дел од осумте закони со кои се фаворизира контроверзната компанија „Бехтел и Енка“, која ја следат низа корумпирани скандали во регионот. Токму Уставниот Суд минатата година го укина членот 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфструктурниот Коридор 8, во кој се предвидуваше можност за 60 часовна работна недела, рече Крмов.

Тој потенцира дека ако нешто помине, тоа ќе помине затоа што најголемата опозициска партија сака да помине.  

-Ние со два пратеника и со тие ограничени ресурси кои ги имаме ќе дадеме се од себе да ова да го спречиме со сите расположливи средства коишто ни остануваат а располагање. Во сите комисии власта има мнозинство, а и да е претседател од опозицијата, во сите комисии власта има мнозинство. По наши информации ќе се обидат да ни ги узурпираат амандманите со тоа што планираме да ги поднесеме и да ја туркаат говорницата на сила, може ќе пробаат да ни одземат збор иако деловнички не смеат. Јас мое уставно право како пратеник ќе го бранам макар и физички. Левица со два пратеника и со ограничени ресурси може волку. ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеника. Ако ВМРО -ДПМНЕ реши да не помине, нема да помине, рече Крмов. фф/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан