• недела, 22 декември 2024

И Иванишевиќ позитивен на коронавирус!

И Иванишевиќ позитивен на коронавирус!
Загреб, 26 јуни 2020 (МИА) - Горан Иванишевиќ, директор на турнирот „Адрија Тур“ во Задар и тренер на светски тенисер бр.1, Новак Ѓоковиќ, се тестираше позитивно за коронавирусот. Иванишевиќ има поблаги симптоми на болеста, но се чувствува добро, потврди тенисерот на својот Инстаграм профил. - За жал, по двата негативни теста во последните 10 дена, само што ги дознав резултатите од денешниот, третиот тест и тој е позитивен за Ковид-19. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите што биле во контакт со мене за фактот дека јас сум Ковид-позитивен и ги замолувам да ги преземат сите неопходни чекори за да се заштитат себе си и своите најблиски, пишува Хрватот. Ве потсетуваме дека „Адрија тур“, чиј иницијатор и главен организатор е најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, беше прекинат во неделата, пред финалниот натпревар во тенискиот центар во „Вишњик“ во Задар, откако Бугаринот Григор Димитров на социјалните медиуми објави дека тестот што го поминал во Монте Карло се покажал дека е позитивен на Ковид-19. После тоа, беа тестирани сите играчи и луѓе кои дојдоа во контакт со заразениот бугарски тенисер, а епилог беше дека Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни, како и членот на репрезентацијата на хрватскиот Дејвис куп, Борна Чориќ, тренерот за фитнес на Ѓоковиќ, Марко Паничи, тренерот на Димитров - Кристијан Грох, српскиот тенисер Виктор Троицки и спортската новинарка на ХТВ Мирна Зидариќ.

Тагови

Остани поврзан