• петок, 15 ноември 2024

И Гордон Ремзи погоден од пандемијата

И Гордон Ремзи погоден од пандемијата
Единбург, 25 февруари 2021 (МИА) - Познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи откри дека изгубил 57 милиони фунти (66 милиони евра), бидејќи, лани, поради корона-кризата бил принуден да затвори поголем дел од своите ресторани, објави „Дејли мејл“.
Готвачот кој поседува 35 ресторани (а, планирал да отвори уште пет годинава), вели дека бил уништен од финансиските последици од пандемијата, губејќи 11,5 милиони евра само од резервациите во јануари, поради третиот карантин. Тој бил принуден да побара помош од британската Влада за да спаси илјадници работни места во неговата империја од ресторани.
- Ме критикуваат дека сум бил богат, но одговорноста е на моите плеќи, вели тој.
Премиерот Борис Џонсон неодамна ги откри плановите на властите за повторно отворање на рестораните со новите мерки. По неколку недели ограничени само на услуги и достава до дома, од 12 април пабовите и рестораните ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства. си/сд/

Остани поврзан