• понеделник, 23 декември 2024

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење

ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје. бд/нд/

Фото: Институт за јавно здравје 

Остани поврзан