• петок, 22 ноември 2024

Италија: Балканската маршрута активна и за време на пандемијата

Италија: Балканската маршрута активна и за време на пандемијата
Џенова, 22 јули 2020 (МИА) - Балканската маршрута по која мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите во Западна Европа е активна и за време на пандемијата на новиот коронавирус, а гувернерот на италијанскиот регион Фурланија-Јулиска Краина, кој граничи со Словенија, изјави дека ситуацијата е „неподнослива“. - Фурланија-Јулиска Краина не е подготвена за прием на нови илегални мигранти. Повеќе пати ја информирав Владата дека пристигнувањата во овој регион станаа неподносливи, а имаме проблеми и со наоѓање места за карантин, истакна гувернерот Масимилиано Федрига. За 480 мигранти е одреден 14-дневен карантин во касарна во градот Удине, која се смета за црвена зона во тоа место и ќе биде под полициски надзор 24 часа дневно. Италијанскиот сенатор Франко Дал Мас изјави дека италијанската Влада ги затворила границите за Србија и Црна Гора поради епидемиолошките податоци, но затоа „дозволува секојдневен непречен влез на територијата на земјата за десетици мигранти кои се потенцијални преносители на коронавирусот“. Тој додаде дека регионот Фурланија-Јулиска Краина се соочува со „спорен, но постојан и секојдневен мигрантски бран, кој е опасен во оваа критична здравствена фаза“. Според податоците на хуманитарната организација Каритас, пред околу една недела во Трст пристигнале рекордни 170 мигранти за еден ден, меѓутоа гувернерот Федрига потврди дека финансиските средства ќе бидат намалени, пишува италијанскиот весник „Ла Стампа“. гт/

Остани поврзан