Италијанскиот амбасадор Палминтери во посета на Општина Битола
- Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за новоназначениот италијански амбасадор во земјава Паоло Палминтери.
Битола, 11 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за новоназначениот италијански амбасадор во земјава Паоло Палминтери.
Во рамки на првата официјална посета на Битола, амбасадорот Палминтери беше информиран за проектните активности кои градот ги реализира со посебен фокус на македонско-италијанската соработка.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека градоначалникот Коњановски и амбасадорот Палминтери, разговарале и за можностите за понатамошна соработка во делот на културата, образованието, можностите за стипендирање на студенти, како и условите за поголемо вклучување на изучувањето на италијанскиот јазик во битолските училишта.
Општина Битола и амбасадата на Италија ќе ја продолжат соработка и во областа на економскиот развој преку конзуларниот кореспондент на амбасадата на Италија во Битола, Зоран Ристевски. мт/сст/
Фото: Општина Битола