• недела, 22 декември 2024

Истражување: Силните главоболки поврзани со болката во вратот

Истражување: Силните главоболки поврзани со болката во вратот

Лос Анџелес, 26 декември 2023 (МИА) - Мигрената, се чини, е меѓу најчестите типови главоболка, но точната причина за оваа, како и за состојбата со интензивни главоболки сè уште не е позната. Сепак, тим од научници од Германија дојдоа до сознанија дека тие непријатни појави веројатно се поврзани со поголемо оптоварување на мускулите на вратот. 

Докторите проучувале резултати од магнетна резонанца на 50 пациенти, со цел анализа на поврзаноста меѓу зачестеноста на главоболката, болката во вратот и движењата на мускулите на лицето. Конкретно се сосредоточиле на големите триаголни ткива коишто се протегаат низ задниот дел на вратот и водат до главата и лопатките на рамената. Скеновите со магнетна резонанца направени од научниците покажале дека во деновите кога учесниците страдале од болки во главата и вратот, тие исто така покажале повисоки нивоа на стрес и напнатост на вратот, што укажува на тоа дека тие мускули биле воспалени.

Со други зборови, многу веројатно, силните главоболки се последица на болка во вратот.

Ова посочува дека воспалението во вратот, коешто може да се развие поради неколку причини - лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда или стрес, може да биде поврзано со мигрена и силни главоболки.

- Нашите наоди ја посочуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки. Затоа, третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот, покрај главоболката. Неинвазивните третмани кои директно целат кон местото на болката во мускулите на вратот, на пр. масажа или акупунктура, можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите, изјави Нико Солман.

Според Американската фондација за мигрена, двајца од тројца возрасни во САД страдаат од интензивни главоболки, а над 37 милиони Американци страдаат од мигрена. Но, според наводите, сè уште не е пронајден универзален третман и лек.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан