• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Луѓето со екстремистички ставови ce помалку способни

Истражување: Луѓето со екстремистички ставови ce помалку способни
Кембриџ, 22 февруари 2021 (МИА) - Луѓето со екстремистички погледи кон светот се помалку способни да извршуваат сложени умствени задачи, и се изложени на поголем ризик од радикализација, покажува ново истражување на Универзитетот на Кембриџ, САД. Откритието на научниците се сосредоточува на тоа дека луѓето со екстремистички ставови имаат тенденција да гледаат на светот во црно-бело... „Според нашето истражување, човековиот мозок се води според идеологиите по коишто сме избрале да живееме. Луѓето кои се залагаат за екстремистички ставови имаат тенденција да извршуваат помалку сложени ментални задачи", се вели во истражувањето. Во испитувањата учествувале 330 лица на возраст од 22 до 63 години, кои требало да извршат 37 невропсихолошки задачи и да одговорат на 22 проценки на личноста. си/

Остани поврзан