• среда, 27 ноември 2024

Истражување: За среќен брак, потребни се барем две големи кавги секој месец

Истражување: За среќен брак, потребни се барем две големи кавги секој месец
Лондон, 15 февруари 2022 (МИА) - Според истражување спроведено во Велика Британија на над 2.000 „среќни брачни двојки“, рецептот за совршен брак лежи во секојдневниот разговор, времето минато заедно и - најмалку две големи караници секој месец. Основниот совет, како и обично, гласи - никогаш не се оди в кревет со нерешена кавга и лутина. Испитувањето под наслов „The Warner Leisure Hotels“ порачува дека битно е да си ги кажете проблемите од работа, како и меѓусебното почитување, патувањата и заедничкото „глупирање“, кои секако придонесуваат за хармоничен брак. Среќни се и двојките каде што двајцата си ги негуваат своите хобија од претходно, но и онаму каде „ѝ дозволуваш“ на својата подобра половина да се покаже во најлошото нејзино издание. „Не е изненадување што заедничките одмори се една од ’тајните состојки‘ за среќен брак. Многу парови велат дека секогаш се чувствуваат поповрзани откако ќе минат викенд заедно без дневните обврски", вели авторот на истражувањето, Сајмон Томпсон. Речиси 70 отсто од испитаниците велат дека времето минато заедно може да ги потсети зошто се сакаат. А, 36 отсто од луѓето се задоволуваат со помали гестови на внимание (спонтана вечера). За врската да биде возбудлива, секако, потребна е и доза хумор, наклонетост и разбирање. Треба да има и простување на лошите навики на партнерот, но и никогаш да не го / ја занемарите кога е нерасположен /-а или кога му / ѝ е досадно.  си/сд/

Остани поврзан