• среда, 03 јули 2024

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов
Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) - Северна Македонија и официјално побара од Бугарија екстрадиција на Игор Спасов, откако во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото, соопштуваат од Министертсвото за правда. Барањето за екстрадиција, како што информираат, е потпишано министерот за правда Бојан Маричиќ. Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР - Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот . Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година. МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години  и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.  аа/са/

Остани поврзан