• вторник, 14 мај 2024

Исполнета последната желба - политичар погребан во својот омилен мерцедес Е-500

Исполнета последната желба - политичар погребан во својот омилен мерцедес Е-500
Преторија, 10 април 2020 (МИА) - Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, како последна желба посакал да биде закопан во неговиот омилен мерцедес. Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500 - еден од многуте луксузни мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде. Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика. - Никогаш не сме имале вакво барање и процес беше тежок и стресен, изјави Табисо Мантутле - директор на погребното претпријатие кое, сепак, успеа да го пикне целиот автомобил под земја. Неговото семејство му ја исполнило последната желба. А, на погребот на инаку прилично популарниот политичар, веројатно и поради пандемијата на коронавирусот, се појавиле мал број луѓе. си/сд/

Остани поврзан