• понеделник, 18 ноември 2024

Искачувањето на Монт Еверест може да поскапи

Искачувањето на Монт Еверест може да поскапи

Катманду, 24 август 2023 (МИА) - Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот.

Според тоа, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе се зголеми на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на искачување. Зголемувањето на цената треба да биде одобрено од Советот на министри, а би стапило во сила во 2025 година.

Монт Еверест се наоѓа на границата меѓу Непал и Кина, а планинарите можат да пристапат до него од двете земји. Но, дозволата за искачување е поскапа на кинеската страна.

Откако Тензинг Норгеј и Едмунд Хилари првпат се искачија на Монт Еверест во 1953 година, досега се забележани речиси 11.500 искачувања.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан